Претседателот Пендаровски оствари информативна средба со членови на работната група за придонес при креирањето на Закон за млади

21 јуни 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари информативна средба со членови на работната група за придонес при креирањето на Закон за млади (Закон за младинско учество и младински политики).

На средбата членовите на работната група го информираа претседателот Пендаровски за нивните активности во изминатиов период, изразувајќи увереност дека со овој Закон, младите ќе бидат активно вклучени во сите општествени текови од кои зависи европската иднина на Република Северна Македонија. Соговорниците ја истакнаа исклучителната важност на Законот кој обезбедува можност за организирано младинско учество и застапување за политики пред институциите, како и заедничко нивно креирање со институциите.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство за процесот со кој се решава важно прашање за младите и од постигнатиот консензус во процесот, бидејќи во него учествуваат претставници од власта, опозицијата, младински организации и подмладоци на политички партии, оценувајќи дека тоа е показател за созревање на едно општество.

На средбата се потврди заложбата на сите инволвирани страни да придонесат, важните прашања да се носат со заедничка одлука и ја поздравија транспарентноста на процесот, како многу важна компонента за донесување решенија.

Претседателот Пендаровски нагласи дека креирањето на успешни политики за младите кои ќе создадат шанси за сите млади овде, во нашата држава, е возможно само доколку во нив се вклучени токму тие, како силен креативен двигател на секоја држава.

Единствено на тој начин, рече Претседателот, може да се креира амбиент и да се промени досегашната тажна слика, младите наместо во својата татковина, нивната иднина да ја гледаат надвор од неа. Токму затоа, нагласи тој, еден од неговите приоритети се младите во Северна Македонија, чиешто мислење мора да биде слушнато, во насока на донесување на  квалитетни и одржливи решенија, затоа што просперитетот и благосостојбата на секое општеството е во тесна врска со развојот на младата популација.

Во мене, посочи Претседателот, ќе имате секогаш искрен соговорник и поддржувач докрај да се реши ова прашање, ги охрабри да продолжат здружено и им честиташе за истрајноста, упорноста и вложениот досегашен труд.

Во изминатиов период, младите од целата држава имаа можност да го споделат своето размислување, предлози идеи и ставови за предлог текстот на Законот, на јавни дебати коишто беа организирани во повеќе градови во Република Северна Македонија. Дебатите и иницијативата за Законот за младинско учество и младински политики, поддржани од Мисијата на ОБСЕ, беа релизирани во организација на работна група сочинета од претставници од Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики од Собранието на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија, како и од претставници на младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците од политичките партии СДСМ, БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...