Претседателот Пендаровски прими висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска

29 август 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на генералштабот на хрватската војска, генерал Мирко Шундов.

На средбата беше потврдена успешната долгогодишна соработка на армиите од двете земји во обуката и образованието, како и заедничкото учество во меѓународни вежби и мисии. Покрај позитивната соработка меѓу армииите на билатерално ниво, беше истакната одличната соработка во регионалните иницијативи меѓу кои особено е значајна соработката во рамки на иницијативата САД – Јадранска повелба, која започна како формат на соработка меѓу Албанија, Македонија и Хрватска во 2003 година, а потоа се прошири и со другите земји од Западен Балкан.

Соговорниците заклучија дека со идното членство на Северна Македонија во НАТО, земјата станува дел од алијанса којашто не значи само безбедност и стабилност, туку и придонесува во економскиот напредок на општествата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката која што Република Хрватска континуирано ја дава на Република Северна Македонија  што особено беше изразено со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО бидејќи Република Хрватска беше меѓу првите држави која го ратификуваше истиот. Претседателот изрази очекување дека во најбрзо време ќе биде завршена ратификацијата од страна на сите 29 земји-членки на Алијансата и со тоа Северна Македонија ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...