Претседателот Пендаровски прими делегација од германскиот медиумски сервис, Дојче Веле

11 јуни 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од германскиот медиумски сервис, Дојче Веле, кој оваа година одбележува 66 години од своето формирање и 50 години од Програмата на македонски јазик.

Претседателот Пендаровски упати честитки до целиот тим на Дојче Веле, за нивната долгогодишна професионалност, критичен и одговорен пристап, во насока на точно, објективно и навремено информирање, притоа промовирајќи европски стандарди и недозволувајќи да бидат алатка за остварување на нечии одредени интереси, коишто се спротивни на основните новинарски принципи.

„Со својата Програма на македонски јазик, Дојче Веле веќе пет децении придонесува во развојот и зајакнувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Германија“, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство што германскиот медиум во континуитет и со аналитичност информира и едуцира за сите општествено-политички случувања во двете држави.

На средбата беше потенцирана исклучителната важност на слободата на медиумите и клучната улога на новинарството во развојот на демократското општество и владеењето на правото.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно институциите во Република Северна Македонија да градат партнерски и транспарентен однос со медиумите, кои пак, мора да бидат буден и бескомпромисен коректив на секојдневните процеси во државата. Единствено на тој начин, рече претседателот Пендаровски, медиумите ќе можат да ја извршуваат својата основна задача, да бидат еден од столбовите на демократското општество во Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...