Претседателот Пендаровски прими припадници на Армијата кои учествуваат во справувањето со пандемијата на КОВИД-19

30 април 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во „Вила Водно“ прими припадници на Армијата, кои учествуваат во справувањето со пандемијата на КОВИД-19.

Станува збор за припадници на Армијата, ангажирани во Дебар, Центар Жупа и во Куманово, во кризните подрачја на северната и на јужната граница и за обезбедување на објекти наменети за карантинско сместување.

Припадниците на Армијата во разговорот со претседателот Пендаровски споделија дел од искуствата, информирајќи го за одличната соработка со локалното население за време на нивниот ангажман во изминатите два месеца. Соговорниците изразија задоволство што ниту еден од припадниците на Армијата не се заразил со КОВИД-19 за време на вршењето на должноста во кризните подрачја.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност до сите припадници на Армијата, за вложените напори во справувањето со пандемијата од КОВИД-19 и поддршката што ја даваат на институциите, особено на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и единици на локалната самоуправа. Претседателот Пендаровски истакна дека припадниците на Армијата, без исклучок, се секогаш меѓу првите што пружаат помош и поддршка во кризни ситуации, честопати помагајќи и во задачи што примарно се надлежност на други институции. Благодарение на вашата професионалност и посветеност во исполнувањето на задачите, рече претседателот Пендаровски, Северна Македонија денес е членка на НАТО, а Армијата во континуитет ужива највисока доверба кај граѓаните.

„Како Врховен командант сум горд на вашите несебични заложби, покажаниот висок професионализам, дисциплина и посветеност во овие тешки времиња. Вашата подготвеност да помогнете таму кадешто е најмногу потребно треба да ни биде пример за сите нас. Во моментите кога целиот свет се соочува со пандемијата на КОВИД-19, вие ни покажувате колку е важно да бидеме солидарни еден кон друг и да се помагаме меѓусебно. Ви благодарам за вашата посветена работа“, рече претседателот Пендаровски на средбата со припадниците на Армијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...