Претседателот Пендаровски присуствуваше и се обрати на традиционалната манифестација „Галичка свадба“

14 јули 2019 | Обраќања

Почитувани присутни,

Чест и задоволство ми е што сум покровител  на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку и како човек кој и самиот е по потекло од ова село и од овој крај.

Секое лето, Галичката свадба ни овозможува да уживаме во еден многу важен дел од мозаикот на нашето мултиетничко општество. Во овие денови на радост ќе ја следиме поворката на свадбарите, ќе се потсетиме на автентичните обичаи, на разнобојните носии, на свадбарските песни, на мијачкиот фолклор и ќе се насладуваме во живописниот пејзаж.

Пред многу години на Петровден во Галичник имало и по  четириесет венчавки во црквата „Св. Петар и Павле“, а денеска сме сведоци на заветот на Огнен и Марина. Им посакувам многу слога, љубов и разбирање во нивниот иден заеднички живот. Посакувам радоста на едниот да се придодаде на другиот, а бремињата да им бидат двојно полесни, зашто бремето на едниот ќе го носи и другиот. Им посакувам да добијат и прекрасни дечиња со кои заедно ќе се радуваат. Нека им е со среќа!

Се надевам дека ова незаборавно искуство ќе инспирира и многу други млади луѓе, кои имаат потекло од живописниот Галичник, да ја продолжат оваа прекрасна традиција со која ја збогатуваме неспорно и пошироката европска култура.

Сметам дека не треба да се задоволуваме со неколкудневна манифестација што ќе се одржува само на едно место, или само еднаш во годината. Да ги користиме овие манифестации како можност за оживување на руралните места низ земјата, да го развиваме алтернативниот туризам, да инвестираме во органското производство на храна, и со тоа да им нудиме несекојдневно искуство на домашните и на странските гости. Убеден сум дека потенцијалите се огромни, само треба да бидеме како галичаните – креативни, трудољубиви, храбри и убави се разбира.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...