Претседателот Пендаровски се обрати на симпозиумот „Образованието како фактор за мир и одржлив развој“ на универзитетот ФОН

24 јануари 2020 | Обраќања, Соопштенија

Почитувани членови на академската заедница,

Ценети гости, 

Дами и господа,

Ми претставува чест што имам можност да ви се обратам на почетокот на симпозиумот  „Образованието како фактор за мир и одржлив развој“ што го организира ФОН универзитетот по повод меѓународниот ден на образованието. По прогласувањето од Обединетите нации, минатата година беше премиерното одбележување на 24 јануари како ден на образованието. Годинава кога веќе традицијата е воспоставена, централната тема за денот на образованието е „Учење за човештвото, планетата, напредокот и мирот“. Тоа е несомнено тема која инспирира и која е особено актуелна и значајна ако се имаат во предвид глобалните тенденции.

Се разбира, овој ден за мене има и лично значење имајќи предвид дека голем дел од мојата професионална кариера ја поминав како универзитетски професор и можам од таа позиција поквалификувано да зборувам за значењето и улогата на образованието. Севкупниот развој и напредок на човековата цивилизација се темели на образованието и науката и на нашата потреба за знаење. Степенот на развој на човештвото какво што денес го познаваме е незамисливо без образовните институции, но и сето она што како знаење се добива на неформален начин и преку различни други модалитети.

Како што е одредено со насловот на симпозиумот и воопшто, тематската одредница на годинешново одбележување на меѓународниот ден на образованието – една од улогите на образованието, некогаш и денес, е што суштествено придонесува за мирот и развојот, а овие две работи не одат една без друга. Да ги парафразирам зборовите на Едвард Еверет кој вели дека образованието е подобра одбрана на слободата од било која армија.

Драги пријатели,

Правото на образование е основно човеково право. За жал, според податоците на Обединетите нации околу 265 милиони деца и возрасни немаат пристап или не го комплетираат своето основно образование. Тоа значи и зголемување на неписменоста, на сиромаштијата, на родовата нееднаквост. На глобално ниво треба уште многу да се работи за да се овозможи непречен пристап до образованието на секој дел од Земјината топка. Бегалските и мигрантските кризи дополнително ја влошуваат ситуацијата и бараат одговорно лидерство за справување со овој проблем. Денес кога низ целиот свет се одржуваат различни активности чија цел е подигнување на свеста за значењето на достапноста и квалитетот на образованието, апелирам секој од нас, во рамките на своите можности и ингеренции, да ја преземе одговорноста и да работи за подобрување на квалитетот на образованието, најпрво во својата заедница и во својата земја.

Почитувани,

Пред почетокот на денешниов симпозиум беше промовиран Одборот за доверба на ФОН универзитетот каде што членуваат еминентни научни имиња, професори со респектибилно наследство и во науката и во образованието, но, и со влијание врз правецот на развој на општествата во кои живееле, живеат и творат. За мене не само како претседател, но, и како човек кој припаѓа на академската заедница ваквиот состав на одбор на еден македонски универзитет претставува патоказ по кој треба да се движи високото образование. Ме радува што токму голем дел од членовите на овој одбор се денес со нас и ќе бидат говорници на овој симпозиум.

Ви посакувам успешен симпозиум, му посакувам плодна работа на одборот за доверба на ФОН универзитетот и секако, посакувам образованието да биде апсолутен приоритет на сите политички агенди, а не само на меѓународниот ден на образованието.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...