Претседателот Пендаровски се обрати на младинскиот настан „Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Грција”

31 јануари 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на младинскиот настан „Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Грција”, во организација на Младинскиот Сојуз од Крушево во партнерство со УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридирх Еберт – канцеларија Скопје, а со поддршка на Германското сојузно министерство за надворешни работи и Амбасадата на САД во Северна Македонија.

На настанот беше промовирана иницијативата за отворање на Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Грција, со чие отворање ќе се зголеми обемот на соработка и ќе иницира заеднички активности кои ќе бидат одговор на потребите на младите од двете земји.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани претставници на младинските невладини организации,

Почитувани претставници на дипломатскиот кор,

Ценети гости,

Драги пријатели,

Ја имам привилегијата да ви се обратам на денешниов, по многу нешта, специфичен и значаен ден. Имено, денес со културен настан се најавува отворање на Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Република Грција што, секако, е извонреден чекор во зголемувањето на соработката помеѓу младите од двете држави. Практично, сето ова е еден вид на производ на Преспанскиот договор со кој ги тргнавме политичките пречки што ги оптоваруваа нашите односи, а, во исто време, претставува и природен, нормален тек на соработката која треба да постои меѓу две соседни држави.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека и покрај отвореното прашање во нашите односи во минатото, граѓаните од двете држави, се разбира, особено младите, немаа проблем да комуницираат, соработуваат и реализираат заеднички проекти. Имено, организациите кои се носители на денешниот настан  Младински Сојуз Крушево и УНЕСКОмладинскиот клуб од Солун веќе една деценија имаат заеднички проекти и настаниНе можам да не го посочам примерот со господинот Бабис Папајоану од УНЕСКО младинскиот клуб од Солун, кој веќе деценија и половина е поврзан професионално со нашата земја во различни улоги и е постојан поддржувач и учесник во процесите поврзани со младинските политики, младинската работа, неодамнешното лансирање на младинската карта и многу други иницијативи. Токму господинот Папајоану е и координатор на проектот од грчка страна. Сето ова зборува за постоењето на длабоки и силни врски, кои покрај професионалната посветеност, визијата и заедничките напори за напредок и успех во регионот, прераснуваат и во длабоки и искрени пријателства.

Почитувани,

За жал, сеуште постојат луѓе од двете страни на границата, меѓу нив секако и млади луѓе, кои имаат предрасуди за соседната земја и кои едноставно немале можност да се запознаат со животот и секојдневието на другата страна, да се дружат со своите врсници, да разменуваат мислења, идеи. Оттука, иницијативата за отворање на Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Република Грција е идеја за проект кој ќе го зголеми обемот на соработка и ќе иницира заеднички активности кои ќе бидат одговор на потребите на младите од двете страни. Сето ова значително ќе придонесе за зголемување на соработката и пријателството и надминување на негативната перцепција и стереотипите, кои се резултат на долгогодишното отсуство на вистински информации. Многу млади, токму преку оваа иницијатива, за првпат ќе имаат можност да се дружат со своите врсници и директно да посведочат дека споделуваат заеднички интереси, заеднички визии и проблеми.

Драги пријатели,

Сакам да ви потврдам дека моето присуство на самиот почеток на оваа иницијатива значи апсолутна поддршка за активностите на младите и особено поддршка за проекти кои придонесуваат за развојот на добрососедските односи. Учеството на претставници на дипломатскиот кор покажува колку билатералните иницијативи се значајни не само за Република Северна Македонија и Република Грција, туку и за целиот регион. Верувам дека конечно доаѓаат времиња кога ќе посветиме многу повеќе внимание, грижа и одговорност кон младите затоа што тие тоа го заслужуваат. Изгласувањето на Законот за младинско учество и младински политики во македонскиот парламент пред петнаесетина дена ми дава за право да се надевам дека 2020 година ќе донесе уште многу позитивни промени на тој план.

Дозволете на крајот да ви посакам успешен настан, а на гостите од Република Грција да им посакам пријатен престој во нашиот главен град. Се гледаме наскоро на отворањето на билатералните канцеларии за младинска соработка помеѓу нашите две држави.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...