Претседателот Пендаровски се обрати на неформалниот собир на учесниците на Тинк Тенк форумот „Стимулирање на стратешка автономија – Придонесот на Западен Балкан за заедничката европска иднина“

9 март 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Велес се обрати на неформалниот собир на учесниците на третиот Тинк Тенк форум „Стимулирање на стратешка автономија – Придонесот на Западен Балкан за заедничката европска иднина“, што од 8 до 10 март се одржува во Скопје.

На собирот, на кој присуствуваше и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, претседателот Пендаровски изрази поддршка за активностите на тинк-тенк организациите од Западен Балкан и нивните напори да го движат регионот напред.

Според претседателот Пендаровски, покрај исполнувањето на реформската агенда во функција на евроинтегративниот процес, дојдено е време кога државите од регионот треба да дадат придонес и за заедничките европски политики и стратегии.

На собирот, претседателот Пендаровски го нагласи значењето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија, како за земјите-потписнички, така и за целиот регион. Двата договори, според претседателот Пендаровски се силен придонес за иднината на регионот.

Европската интеграција, според претседателот Пендаровски, почнува од нас самите, преку почитување на европските вредности, борбата против корупцијата, владеењето на правото, слободата на говор и демократијата.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето дека наскоро ќе биде донесена новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почетокот на пристапните преговори за членство со ЕУ.

Ние, рече претседателот Пендаровски, не заслужуваме било какви понатамошни одложувања. Секое следно одложување може да доведе до значителен пад на евроентузиамот во државата, рече претседателот Пендаровски.

На учесниците на Тинк Тенк форумот, организиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ и Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, и ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020 година, претседателот Пендаровски им посака успешна работа и продуктивна дебата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...