Претседателот Пендаровски се обрати на Регионалната Школа за Безбедност 2021

18 мај 2021 | Соопштенија

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалната Универзитетска школа за безбедност на тема „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен  Балкан“, која се организира шеста година по ред од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а е поддржана од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

 

Претседателот Пендаровски во своето обраќање зборуваше за позитивните аспекти на фразата ,,влијанието на надворешните актери врз безбедноста на регионот” за која рече дека првата асоцијација, особено во популарниот жаргон и во медиумите е негативна.

„Северна Македонија неодамна ја одбележа првата годишнина од своето членство во НАТО и тоа за мене е без дилема, клучното стратешко и надворешно-политичко достигнување на земјата по приемот во Организацијата на Обединетите Нации“, рече претседателот Пендаровски.

Тој потсети на некои настани од изминатите 30 години од нашата независност: турбулентниот период на осамостојувањето и избегнување на лавиринтот на војните во поранешна Југославија, конфликтот во 2001, па се до нападите на столбот на демократијата – Парламентот, во два наврати, во 2012 и 2017-та.

„Само 3,5 години по конфликтот станавме земја-кандидат за членство во ЕУ и само една година по обидот за рушење на уставниот поредок во 2017 добивме покана да станеме членка на НАТО. Ваквата брза консолидација ќе беше невозможна без подршката на нашите стратешки партнери од НАТО, Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, потенцираше Претседателот.

Тој подвлече дека надворешната асистенција во развојот на нашата демократија беше најделотворна кога постоеше кохезија и синхронизација од двете страни на океанот, во трансатлантската заедница и кога присуството на Соединетите Американски Држави беше поизразено на Балканот. Претседателот нагласи дека и преостанатите крупни прашања и проблеми на Западниот Балкан не можат да бидат решени ако Европа и Америка не го кренат нивото на взаемна координација.

Претседателот Пендаровски во обраќањето зборуваше и за втората компонента на позитивното надворешно влијание врз регионот. Тој рече дека европските интеграции нудат долгорочна перспектива за регионот и ќе биде трагично ако тие интеграции бидат попречени, не толку од Европската Унија, колку од самите нас, во регионот, преку анахрони историски интерпретации.

„Неодамна реков дека додека ние балканските народи во 21 век сéуште разговараме за историјата, милиони млади луѓе ни заминаа да ја бараат својата шанса во државите каде што историјата е присутна во книгите, а не како кај нас, во политиката и на улиците“, нагласи Претседателот.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски рече дека со посебна загриженост гледа на серијата нон-пејпери, кои заговараат ново менување на границите на Балканот и чија логика е да продуцираат повеќе регионална нестабилност, отколку она што е наводно првичниот план на креаторите на овие идеи – регионална стабилност.

„Ако интеграциите траат со години и при тоа никој не може да даде ниту приближна оценка кога преговорите би завршиле и наместо интеграции почнуваат да циркулираат вакви предлози чија имплементација сигурно не носи во конфликт, тогаш е логично нашите граѓани да покажуваат интерес и за други опции“, рече претседателот Пендаровски.

Тој подвлече дека неколку истражувања на јавното мислење и кај нас и во регионот, покажуваат дека опаѓа подршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување. Претседателот додаде дека е неспорно дека постојат странски ентитети кои настојуваа да го спречат нашето зачленување во НАТО, а денес, процесите на интеграција на земјата во Европската Унија.

„За таа цел, се развиваат хибридни стратегии и закани, се вршат сајбер напади и се продуцираат лажни вести и дезинформации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во институциите и во кредибилноста на регионалните организации во кои сме или сакаме да бидеме“, истакна Претседателот.

Тој порача дека како држава мораме да разбереме дека најдобриот начин за одбрана од овие малигни стратегии е засилување на нашите домашни референци, а тоа значи, интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет.

„Само со јакнење на демократските стандарди, транспарентноста на институциите и развојот на поинаква политичка култура на толеранција и градење на консензус ќе создадеме амбиент во кој позитивното влијание на бенигните надворешни актери ќе се чувствува повеќе“ порача претседателот Пендаровски во обраќањето.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај...

Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред...

Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе...

Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите

Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 2 август - Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите ја упати следната порака: „Сеќавајќи се и оддавајќи почит на милионите жртви во Втората светска војна, не смееме да заборавиме и на над 4300 деца, жени и мажи...

Претседателот Пендаровски положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Претседателот Пендаровски положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе...