Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на изложбата „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“

12 септември 2019 | Соопштенија

Со членството на Република Северна Македонија, НАТО и Европската Унија стануваат посилни, а нашиот регион побезбеден, рече Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на отворањето на изложбата „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“, што по повод 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, ќе се одржи од 13 до 20 септември во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, во организација на Амбасадата на Република Полска.

„Пред 80 години започна најдеструктивната војна во човековата историја во која за само шест години загинаа повеќе од 60 милиони луѓе. Toa се директни жртви, без жртвите од сиромаштија и од глад, што ги спомена нашиот домаќин, а од кои две третини беа цивили. Европа беше сведена на урнатини. И сето тоа започна на 1 септември 1939 година кога, без објава на војна, Полска беше подмолно нападната од нацистичка Германија. Гледајќи ги фотографиите од изложбата, човек не може да остане рамнодушен пред страдањата на полскиот народ“, рече претседателот Пендаровски.

„Злото кулминира во концентрационите логори во кои нацистите систематски уништуваа милиони луѓе само поради нивната различност. Во текот на војната само Полска изгуби, речиси, 18% од својата популација. Во еден од тие нацистички логори на смртта – Треблинка – беа погубени и 98% од македонските Евреи“, рече претседателот Пендаровски.

Иако окупирана и поделена, депортирана и десеткувана, рече претседателот Пендаровски, Полска не се предаде, туку се вклучи во големата коалиција што се бореше против злото на фашизмот и нацизмот.

„Во малку поинаков контекст, и македонскиот народ ја дочека Втората светска војна окупиран и тероризиран. Како и полскиот, така и македонскиот народ се вклучи во Народноослободителната и антифашистичка борба и со свои сопствени сили се избори за слободата на својата држава“, рече претседателот Пендаровски на отворањето на изложбата.

Претседателот Пендаровски истакна дека годинава одбележуваме 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса и 30 години од падот на „Железната завеса“ и блоковската поделба на светот, промена што се случи, како што нагласи Претседателот, благодарение на борбата на слободољубивите народи против сите видови на тоталитаризам, истакнувајќи дека полскиот народ беше еден од предводниците на таа борба.

„Верувам дека токму водена од своето трагично искуство во Втората светска војна, денес, Полска е еден од најголемите поддржувачи за членството на Република Северна Македонија во НАТО и во Европската Унија. Слично е и со нашите германски пријатели кои се свесни за својата голема и историска одговорност да се грижат за Европа и за заокружувањето на европскиот проект преку членството на Република Северна Македонија и на сите други држави од западниот Балкан во Европската Унија. Со членството на Република Северна Македонија, НАТО и Европската Унија стануваат посилни, а нашиот регион побезбеден“, рече претседателот Пендаровски на отворањето на изложбата „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората Светска Војна“, изразувајќи благодарност до амбасадорот Војциех Тицињски и Амбасадата на Република Полска за организирањето на изложбата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...