Претседателот Пендаровски се обрати на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

17 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржува во Анталија, Република Турција.

Во своето обраќање, нагласувајќи ја важноста од регионалната соработка, претседателот Пендаровски истакна дека, во рамките на ПСЈИЕ, во изминатиов период се постигнати значајни резултати, како во политичката, така и во економската, безбедносната и социјалната сфера.

„Ние сме релативно мали како земји и економии, но заедно сме силни. Фактот дека имаме разлики и различни ставови за членство во разни меѓународни сојузи, не исклучува поблиска соработка во сите поврзани секторски области од заеднички интерес“, рече претседателот Пендаровски, осврнувајќи се на пандемијата од ковид-19 која наметна изнаоѓање нови начини на соработка, давајќи приоритет на економското закрепнување на регионот на Југоисточна Европа.

Стратегијата ЈИЕ 2030, која треба да се одобри денес, нагласи претседателот Пендаровски, е пресвртница за регионалната соработка во Југоисточна Европа, а нејзината имплементација се очекува да  донесе зголемен просперитет, подобар квалитет на живот и да му помогне на регионот да ги постигне целите поставени од глобалното семејство на нации.

Во контекст на евроинтегративниот процес претседателот Пендаровски нагласи дека државите во ЈИЕ споделуваат заеднички историски, цивилизациски, културен и економски континуитет , па затоа, имајќи ја предвид сложеноста на потребната трансформација, „Различните ставови за некои важни историски прашања дури и меѓу блиските сојузници не смеат да ги спречуваат соработката и пријателството. Тие не треба да го поткопуваат еден од најинспиративните проекти во историјата, европската интеграција, особено во нејзината следна фаза кон партнерите од ЈИЕ“, потенцираше претседателот Пендаровски, додавајќи дека интегрирањето на Западниот Балкан е во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, а претставува и геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

Во својот говор претседателот истакна дека Северна Македонија  покажа храброст и мудрост за решавање на тешки билатерални прашања, осврнувајќи се на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија во насока на градење добрососедски односи и надминување на разликите преку дијалог и разбирање.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...