Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на признанието Македонски квалитет за 2019 година

13 декември 2019 | Обраќања, Соопштенија

Почитувана претседателка на Сојузот на стопански комори,  

Почитувани стопанственици, 

Дами и господа,

Благодарам на честа да бидам покровител на една ваква навистина значајна и специфична манифестација на која се доделува Признанието за македонски квалитет. Од доделените признанија се уверивме дека оваа година добитници се компании од различни стопански гранки, а меѓу нив и едно културно- уметничко друштво што сведочи за значењето на квалитетот и во уметноста и воопшто во културата. Диверзитетот на добитниците, освен стопанските субјекти се гледа и низ фактот што добитник на признание за македонски квалитет е и една образовна институција. И самиот долги години како професор бев вклучен во образовниот процес и од прва рака можам да посведочам дека без квалитетно образование нема квалитетни кадри, а, без образувани поединци нема ниту економски развој. Оттука мора да се инсистира на постојано подигнување на  квалитетот на образованието кое треба да биде во чекор со актуелните трендови, особено со потребите на пазарот на трудот.

Осврнувајќи се на годинешниве добитници не смеам да заборавам да истакнам еден исклучителен факт, а тоа е високиот степен на општествена одговорност кај голем дел од нив. Сакам сите нив да ги поттикнам и охрабрам и понатаму да придонесуваат и да и помагаат на заедницата.

Драги пријатели,

Убеден сум дека сите ние споделуваме заедничка визија за економски просперитетна и развиена држава. Вие сте носители на нашата национална економија и би сакал да ве охрабрам и понатаму да создавате квалитет. Како амбасадори на македонскиот бренд, ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапредување и промоција на македонскиот квалитет.

Неодамна, на самитот Македонија 2025 потенцирав дека за економски напредок и развој е потребна соработка на политичарите со бизнис заедницата, во насока на градење на политики согласно потребите и барањата на стопанствениците и актуелните домашни и меѓународни економски текови. Во тој комплекс на прашања, клучен елемент е владеење на правото и доверба во институциите без чија максимална функционалност и професионалност не можеме да очекуваме подобрување на економската состојба и подигнување на стандардот. Само со доследно почитување на овие постулати заедно со вашата креативност и посветеност како и континуираното воведување на технолошки иновации можеме да се надеваме на подобрување на бизнис климата и на економски напредок.

На крајот, дозволете ми, на сите добитници уште еднаш да им честитам за признанието, и да им посакам и ним, но и на останатите членки на Сојузот на стопански комори успешна и плодна работа во 2020 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Американски совети за меѓународно образование, меѓународна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, кои престојуваат во посета на нашата држава. На средбата се...

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...