Претседателот Пендаровски се обрати на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“

12 јули 2019 | Обраќања, Соопштенија

Почитувани љубители на уметноста,

Како покровител на фестивалот „Охридско лето“, задоволство ми е да бидам вечерва со вас во градот на УНЕСКО.

Во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една наша заедничка татковина. Таа постои од почетокот на човештвото. Нејзините граници се исцртани од човековата креативност. Во неа се зборува универзален јазик и важат споделени вредности. Во таа татковина има место за секого – и за ранливите, и за исклучените и за обесправените. Таа татковина ја градат луѓе кои веруваат во моќта на убавината, да поврзува наместо да разделува. Татковината за која зборувам е уметноста.

Годинешното „Охридско лето“ го отвора токму таков светски познат уметник. Виолинистката Ванеса Меј презеде ризик и понуди нов музички стил што излегува од конвенционалните рамки. Таа создава музика што е длабоко вкоренета во традицијата, а сепак релевантна за сегашноста и насочена кон иднината. Во неа го препознаваме ритамот што ги поврзува природата и човештвото. Музиката на Ванеса е гласно сведоштво дека наместо да се исклучуваат, различните културни влијанија можат да се надополнуваат создавајќи поголема вредност. И можеби токму затоа, нејзината музика помирува и поврзува милиони луѓе од различни нации и генерации.

Како што го започнавме нашето патешествие, да ѝ дозволиме на уметноста да нè инспирира на храбри потфати. Да развиваме култура што ќе го отсликува богатството на нашите различни културни традиции, тука, во Северна Македонија. Да негуваме длабока почит и одговорност и за природата што ни е доверена на чување. Ова особено се однесува на незаменливото природно и културно наследство во регионот на Охридското Езеро. Мора да направиме сè што е во нашата моќ да го сочуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Да направиме простор и за другите во самите нас и да се стремиме кон вистинско граѓанско помирување преку правда и простување. Градејќи едно општество за сите, да се сетиме дека ние си припаѓаме едни на други, а заедно му припаѓаме на поширокиот европски културен и цивилизациски простор.

И во сè што правиме да не се задоволуваме со просечност, туку инспирирани од уметници како Ванеса Меј да го даваме најдоброто од нас. Само така ќе освојуваме нови врвови и ќе постигнуваме нови успеси на секое поле од животот.

Со таа мисла, на самиот крај, задоволство ми е да го прогласам фестивалот „Охридско лето“ за отворен.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...