Претседателот Пендаровски со поддршка на иницијативата за креирање на сеопфатна национална програма „Поддршка на талентирани деца и млади“

29 јуни 2023 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со млади талентирани математичари и физичари и со претставници на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На средбата се разговараше за текот на иницијативата „Поддршка на научно-технолошката извонредност кај ученици и млади“ чија цел е создавање на платформа преку која државните институции, приватниот сектор, меѓународните организации и општествено одговорните компании, заедно ќе придонесуваат во унапредување на можностите младите да го остварат својот потенцијал. Исто така, на средбата, беше истакнато дека ќе се креира фонд кој ќе ги стимулира и финансира талентираните деца и млади со фокус на науката, технологијата и иновациите.

Во таа насока, претставниците на ТИРЗ истакнаа дека веќе се обезбеди и првата поддршка за тимот средношколци составен од математичари и физичари за нивно учество на Светската олимпијада по математика и физика во Јапонија.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка кон оваа иницијатива истакнувајќи дека истата е за поздравување бидејќи ќе овозможи модел на соработка меѓу сите релевантни чинители во државата коишто преку инвестирање и поддршка на талентираните деца и млади ќе им овозможат потребни услови и ресурси за развој на нивните способности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...