Претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа на перформансот „Везилка – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“

10 октомври 2021 | Aктивности, Соопштенија

 

Под заедничко име „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ во организација на Кабинетот на претседателот преку низа културни настани се одбележува Јубилејот – 30 години независна македонска држава.

Вечерва претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, имаа можност да го проследат перформансот „Везилка– 100 години од раѓањето на Блаже Конески“  во режија и драматуршка интервенција на Зоја Бузалковска поставен на сцената во Филхармонијата на Република Северна Македонија.

Перформансот „Везилка“ претставува посветен ракопис кој содржи драматуршки рекомпонирани стихови на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура Блаже Конески, делови од неговите прози, како и делови од разговорите со Цане Андреевски.

На сцената перформансот „Везилка“ беше поставен од музичката група Фолтин и автoрската екипа во состав: Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска. За време на настанот беа прикажани и видео анимации со текстови од творештвото на Конески.

Претседателот Пендаровски е покровител на јубилејната стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески и овој настан, освен што е дел од низата културни настани по повод Јубилејот – 30 години независна македонска држава, истиот е посветен на најважната фигура на современата македонска наука, книжевност и лингвистика.

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...