Select Page

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

9 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19.

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за се ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“, им порача претседателот Пендаровски на вработените.

Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

Претседателот Пендаровски ја истакна потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот.

За време на посетата претседателот Пендаровски повика на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД-19.

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 8 армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 8 армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред...

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид....

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред...

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид. Реномираниот меѓународен фестивал традиционално се одржува под...

Pin It on Pinterest