Претседателот Пендаровски ја прими постојаната координаторка на ООН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак

4 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими постојаната координаторка на ООН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак и тим лидерот на групата експерти за реализација на новата рамка за соработка на земјата и агенциите на Обединетите нации, Роберт Скот Хејзлет.

Соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за досегашните активности во рамки на постоечката стратегија – Партнерство за одржлив развој на ОН 2016-2020,  како и за планираните активности во рамки на новата стратегија за периодот 2021-2025.

На средбата беше разговарано за предизвиците коишто произлегуваат од  реализацијата на приоритетните области на соработка: вработување, социјална инклузија, добро владеење, заштита на животната средина, родова еднаквост, како и мигрантската и бегалска криза.

Соговорниците изразија задоволство од можноста за придонес во спроведувањето на реформите во насока на промовирање рамномерен и одржлив развој, потпомагање при постигнувањето на националните приоритетни цели и поддршка на интеграцијата на земјата во Европската унија.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на стратегијата на ОН 2021-2025 во обезбедување на благосостојба на граѓаните на Северна Македонија и за севкупниот просперитет на  државата, со цел забрзување на нашиот евроинтегративен процес.

Тој изрази очекување дека стратешкото партнерство на Северна Македонија со Обединетите нации и во иднина ќе се зајакнува, притоа нагласувајќи дека нашето членство во организацијата од 1993 година се темели на доследно почитување на основните принципи и постулати на Повелбата на ОН.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...