Претседателот Пендаровски ја прими Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија

11 февруари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави и притоа беше изразена цврстата определба за натамошно зајакнување и унапредување на добрососедските односи и продлабочување на политичкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Договорот за добрососедство, пријателство и соработка внесе позитивна динамика во политичките односи меѓу двете земји, што се одразува и во останатите области од заемен интерес, како економијата, одбраната, транспортот и комуникацијата, образованието, животната средина, културата и туризмот.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната поддршка од Бугарија за зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството на нашата држава во Алијансата позитивно ќе влијае за стабилноста и просперитетот на целиот регион.

На средбата беше реафирмирана заложбата на двете држави за афирмирањето на мирот, стабилноста и колективната безбедност во цела Европа. Во контекст на потребата од забрзана интеграција на регионот во евроатлантските структури, претседателот Пендаровски изрази очекување дека поддршката од Република Бугарија ќе продолжи и во иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...