Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј

17 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот. Двајцата соговорници изразија задоволство од развојот на севкупните односи меѓу двете држави, кои ги карактеризира заемно  пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство. 

Претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија во изминатиов период вложи огромен труд и напори во исполнувањето на интеграциските процеси, и денес претставува модел за успешна трансформација за сите држави од регионот.

На средбата беше констатирано дека Обединетото Кралство е наш долгогодишен партнер и поддржувач на реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор, како и во областа на правосудството, јавната администрација и транспарентноста на јавните институции.

Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство, како цврст партнер и пријател на Северна Македонија, ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на нашите стратешки приоритети. Во тој контекст, Претседателот изрази очекување долгогодишното партнерство во рамките на НАТО да биде заокружено со нашето членство во Алијансата, на состанокот на лидерите, којшто ќе се одржи во Лондон, во декември 2019 година.

Амбасадорката Галовеј упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување на соработката и зајакнување на традиционално пријателските односи меѓу двете држави.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...