Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара

20 јуни 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што изразија задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција, е од исклучително значење за Северна Македонија, изразувајќи очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека Северна Македонија високо ја цени и ја почитува континуираната помош од Турција на нашиот евроатлантски пат.

„Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби коишто заеднички ги споделуваат и Северна Македонија и Турција“, порача претседателот Пендаровски на средбата.

Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, додавајќи дека Република Турција ќе продолжи да биде поддржувач на Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...