Претседателски центар за политичко образование објавува повик за учесници на Школата за политики за 2022 година

1 февруари 2022 | Јавни повици, Соопштенија

Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на пет едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Школата за политики е организирана во соработка со фондациите и здруженијата Фондација „Фридрих Еберт” – Скопје; Меѓународен републикански институт (ИРИ), подружница – Скопје, Фондација „Конрад Аденауер”, подружница – Скопје, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија, Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија, Фондација „МК2025” и Регионална организација за младинска соработка (РИКО).

Учесниците на Школата за политики за 2022 година ќе имаат можност да:

  • ги унапредат своите знаења на темите демократија, одржлив развој, евроинтеграции и комуникации, притоа разбирајќи го процесот на креирање политики;
  • следат предавања и интерактивни работилници од врвни домашни и меѓународни експерти;
  • работат индивидуално и во групи со истакнати поединци – нивни врсници од општествениот и политичкиот живот во државата;
  • ги зајакнат своите комуникациски, лидерски и меки вештини;
  • имаат пристап до актуелна литература на темите и да следат општествени дебати на истите;
  • остварат значајни контакти и да се вмрежат со експерти од областите кои ги опфаќа Школата.

Школата ќе се одржи во периодот од март до ноември 2022 година, за време на викендите. Присуството на сите пет едукативни семинари е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Школата ќе се стекнат со сертификат.

Услови за учество:

  • возраст од 21 ‒ 35 години;
  • државјанство на Република Северна Македонија;
  • работно познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
  • истакнато учество во општествениот и политичкиот живот во државата, поттикнувајќи позитивни промени;
  • солидни познавања на општествената терминологија;
  • работното искуство ќе се смета за предност.

Потребни документи за апликација:

  • Пријава која може да се симне на следниот линк;
  • Биографија во облик на Europass CV;
  • Две препораки од еминентни професори/работодавачи/ соработници, релевантни за тематиката на Школата;
  • Есеј на англиски јазик на зададена тема по избор: 1. „Мојот придонес за позитивни промени во нашата држава“ и 2. „Мојата визија за демократскиот развој на Северна Македонија“.

Повеќе информации за Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование се достапни на следниот линк.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на усно интервју, кое ќе се одржи во живо или онлајн, зависно од моменталната здравствена ситуација во државата во време на пандемија на Ковид-19.

Како услов за учество на Школата за политики за 2022 година, избраните кандидати за учесници на Школата ќе потпишат изјава за задолжително присуство на сите последователни едукативни семинари, согласно Годишната програма за работа на Претседателскиот центар за политичко образование за 2022 година.

Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 22 февруари 2022 година на [email protected].

За повеќе информации за Школата за политики за 2022 година, Ве молиме погледнете го документот со „Често поставувани прашања“ во прилог.

Претседателскиот центар за политичко образование цели да организира инклузивни и пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, целосно да учествуваат. Доколку имате потреба од повеќе информации за пристапноста на настаните или апликацијата, можете да нѐ контактирате на [email protected].

*Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.

**Трошоците за семинарите и за хотелското сместување при Школата за политики за 2022 година ќе бидат покриени од страна на Претседателскиот центар за политичко образование и партнерските организации. Едукативните семинари ќе бидат одржани во согласност со протоколите за работа во време на пандемија на Ковид-19, изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија.


Преземи документи:

Пријава за учество
Често поставувани прашања

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...