Прием за женската ракометна кадетска репрезентација кај претседателот Пендаровски

17 август 2021 | Соопштенија

По победата на Б кадетското европско женско ракометно првенство во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги прими ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација – селекција до 17 години (У17), селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Честитајќи им го големиот успех, претседателот Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет.

„Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш, национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред се, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка“, им порача претседателот Пендаровски на младите ракометарки.

Со победата на Б кадетското европско женско ракометно првенство, ракометарките обезбедија место во највисокиот ранг на наредните европски првенства за младинки и за кадетки, како и настап на светското првенство. На шампионатот во Литванија, 14-годишната Ива Младеновска беше прогласена за најкорисен играч, а во најдобриот тим, покрај неа, се најдоа и Теодора Дуковска и Марија Јовановска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...