Проштална средба на претседателот Пендаровски со амбасадорката на Индија Пуџа Капур

18 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба ја прими Пуџа Капур, амбасадорка на Република Индија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на односите меѓу двете држави кои ги карактеризира заемно пријателство, доверба и почитување. Во таа насока беше реафирмирана заложбата за продолжување на политичкиот дијалог и целокупната соработка во сите сфери од заемен интерес, особено во економската област каде што постои голем потенцијал.

Соговорниците разменија мислења и за моменталните состојби во двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како и за мерките и активностите коишто се преземаат за справување со здравствените и социо-економските предизвици.

На средбата беше нагласена важноста на неодамнешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Министерствата за здравство на двете држави, како добра почетна точка за поттикнување на соработката во здравствената сфера.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорката Капур за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи и успех во извршувањето на идната должност, амбасадорка на Република Индија во Кралството Данска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...