Select Page

Проштална средба со амбасадорот на Романија, Виорел Станила

5 октомври 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Романија, Виорел Станила.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните политички случувања во земјава, како и за актуелните политички и економски предизвици со кои се соочува регионот на југоисточна Европа во време на глобална пандемија.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји и заложбата за интензивирање на меѓусебната соработка во сите сфери во кои постои потенцијал и заеднички интерес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на амбасадорот Станила за неговите досегашни дипломатски активности и ангажмани во земјава и му посака успех во натамошната работа.

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

На овие простори пописот се врзува за политичка операција, затоа што се уште правата на луѓето се гледаат пред се низ националната призма. Затоа, ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата,...

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Средба со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул....

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи. Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Русос Кундурос. На церемонијата, претседателот Пендаровски рече дека односите...

Pin It on Pinterest