Предавање на претседателот Пендаровски на втората НАТО Академија

4 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа воведно предавање на втората НАТО Академија организирана од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.

Посочувајќи на фактот дека земјата формално е членка на НАТО од март годинава, претседателот Пендаровски истакна дека како држава ќе го зајакнеме значајно нашето присуство во воениот и во цивилниот дел во седиштето на Алијансата во Брисел.  Во оваа насока, како што рече претседателот Пендаровски следната недела во НАТО заминува амбасадор на земјава во Алијансата.

Во однос на реформите во нашата Армија, како што подвлече претседателот Пендаровски, „тие продолжуваат и натаму имајќи предвид дека како нови членки на најголемиот политичко – воен сојуз сме должни да ги спроведеме. А за динамиката на спроведување постојано сме и мониторирани“. Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски „се обврзавме дека од 2024-тата година, ќе издвојуваме по 2% од БДП за Армијата“.

Осврнувајќи се на учеството на припадниците на Армијата во мировни мисии на НАТО, претседателот Пендаровски истакна дека неодамна 44 војници и старешини заминаа во мисијата на КФОР на Косово.

„Учеството во оваа конкретна мисија е особено важно за регионалната стабилност и безбедност. Верувам дека со нашето пристојно учество, како нова земја членка на НАТО, ќе придонесеме кон постигнување на оваа цел. Бидејќи крајната цел на мисијата на КФОР на Косово е токму стабилност на целиот регион“, подвлече претседателот Пендаровски.

Во своето предавање, понатаму претседателот Пендаровски се осврна на улогата на НАТО Алијансата во спречување или во намалување на последиците од т.н. Хибридни закани, коишто претставуваат најнов облик на безбедносни закани.

„Една од големите придобивки од нашето членство во НАТО е тоа што Република Северна Македонија е дел од механизмот за размена на информации. Тој механизам овозможува земјите членки на НАТО, но и оние коишто не се дел од Алијансата меѓу себе да разменуваат важни информации коишто помагаат, да речеме во некоја истрага за меѓународен тероризам. Се разменуваат и информации коишто би спречиле и одредени напади. И ова е една од големите придобивки од нашето членство во НАТО“, потенцираше претседателот Пендаровски. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...