Работна средба на претседателот Пендаровски во Стопанската комора на Македонија

19 јуни 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Стопанската комора на Македонија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Претседателот Пендаровски посочи дека историски битен факт за нашата држава е тоа што сме на самиот праг за зачленување во НАТО Алијансата.

„Јас не се согласувам дека станува збор само за организација која се грижи за безбедноста. Не постои ниту една држава со добра економија, која не е членка на НАТО и не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. И оние земји кои не се формално членки на ЕУ, како што е Швајцарија, се дел од европскиот заеднички пазар со серија потпишани договори. НАТО е значаен и очекуваме до крајот на годинава, или најдоцна во првиот месец од наредната година, да го заокружиме членството и да бидеме полноправна членка“, рече претседателот Пендаровски.

„На немирниот Балкан е важно да сте член на НАТО Алијансата, бидејќи со влегување под безбедносниот чадор добиваме висока безбедносна гаранција, што е битно за водењето на бизнис“, истакна Претседателот. Тој укажа дека во 35-те тима кои ќе го водат процесот на ЕУ интеграција мора да се вклучат и претставници од реалниот бизнис.

На средбата, претседателот Пендаровски најави дека при крајот на наредната недела ќе биде пополнето советничкото место за економски прашања во неговиот Кабинет, а за потпишувањето на укази на закони од оваа област, рече дека нема да дозволи само да ги потпишува, туку при подготовката на законските решенија ќе инсистира и на вклученост на бизнис заедницата.

Претседателот Пендаровски рече дека освен дипломатската компонента, на неговите меѓународни посети ќе биде застапен и економскиот аспект.

„За сите меѓународни посети бизнис заедницата ќе биде навремено информирана, додека Кабинетот ќе има постојани контакти и соработка, за да можат да се пренесат нивните ставови, што ќе подразбира подобрување на економските релации“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот порача дека во дипломатско-конзуларните претставништва е потребен и добар персонален состав и тим што се разбира во реална економија.

„Во дипломатскиот кадар мора да праќаме поинакви профили, личности коишто се и економски едуцирани. Од самиот почеток јас ќе имам јасен став за сите битни прашања во државата, без разлика дали се од моја надлежност или не“, рече Претседателот.

Претседателот Пендаровски најави дека ќе оствари средби и со другите стопански комори во Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, како и партнерските комори, по повод 13-от конгрес на нови технологии. Делегацијата предводена од претседателот на Комората, д-р Маријан Денковски го...

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“. Посетителите имаа можност да се сретнат и да разговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежностите, за...

Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на конференцијата за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“

Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на конференцијата за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“

  Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на првата конференција за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“, во организација на Американската стопанска комора на Северна Македонија. Еднодневната конференција...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. [gallery...

Ѓоргиевска: Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност за себеси ќе чекорат нашите деца и млади

Ѓоргиевска: Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност за себеси ќе чекорат нашите деца и млади

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настан по повод 20 години од меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата од училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“ што се одржа под нејзино...