Сопругата на претседателот во посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

29 октомври 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Кабинетот за психолошка поддршка во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија по повод одбележувањето на Октомври – Месецот на борба против рак на дојка.

За време на посетата, сопругата на претседателот беше придружувана од директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, спец. д-р Никола Васев, претседателката на Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином “Љубов сме – Jemi dashuri“, Македонка Икономова Давчева и спец. д-р Мери Пешевска, специјалист во Одделение за малигни тумори на дојка при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Сопругата на претседателот оствари кратка посета на пациенти во дневната болница за прием на хемотерапија и го посети Кабинетот за психолошка поддршка при што психолозите, Александра Стефановска и Елена Георгиевска ја претставија работата на кабинетот. Тие ја информираа Ѓоргиевска дека психолозите на клиниката работат со пациентите и нивните семејства, остваруваат индивидуални и групни средби со нови пациенти кои започнуваат со лекување, со пациенти кои се во тек на третман, како и пациенти кои го завршиле нивното лекување.

Здружението “Љубов сме- Jemi dashuri“ чија цел е да им го олесни патот на онколошките пациенти кон нивното подобро здравје го иницираше во соработка со здравствените институции отворањето на психолошкиот кабинет при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија сметајќи дека е неопходен во процесот на нивното лекување.

Од самиот почеток на пандемијата психолозите во психолошкиот оддел на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во соработка со Комората на психолози, дизајнираа „Проект за психолошка поддршка и психо-социјална помош на онколошките пациенти“. Во рамки на проектот се нуди бесплатна психолошка помош и во рамки на истиот функционира телефонска служба за помош на онколошките пациенти и семејства и онлајн група за психолошка поддршка еднаш неделно. Во кабинетот за психолошка поддршка на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од почетокот на работа се остварени вкупно 900 психолошки средби.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...