Сопругата на претседателот во посета на Народната кујна во општина Шуто Оризари

17 јуни 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ја посети Народната кујна во општина Шуто Оризари при што се запозна со реализацијата на иницијативата на оваа општина за подготовка и дистрибуција на топли оброци за социјално ранливите категории на граѓани.

Во кујната којашто е во рамки на детската градинка „8-ми април“ секојдневно се подготвуваат по два оброци за околу 200 семејства, а од нејзиното отворање во декември 2020 година до денес подготвени се околу 40.000 топли оброци.

Ѓоргиевска ја поздрави оваа иницијатива истакнувајќи дека во овој кризен период кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални предизвици, од особено значење е споделувањето на грижа за најранливите категории на граѓани.

За реализација на активностите во Народната кујна финансиски средства одвојува општината Шуто Оризари, а иницијативата е потпомогната и од општествено одговорни компании и индивидуалци.  Сите вклучени страни волонтерски го поддржуваат функционирањето на кујната, а во дистрибуцијата на оброците е вклучена и администрацијата на локалната самоуправа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...