Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на прилепскиот регион

2 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска при денешната посета на прилепскиот регион го посети ООУ “Кочо Рацин” во Прилеп, кадешто наставничкиот кадар ја запозна со тековните активности за учениците и работата на училиштето во чиј рамки функционира и детска стоматолошка ординација.

Во училиштето се сретна и со Гоце Бумбароски, наставник и магистер по менаџмент во образованието познат како наставник херој, омилен помеѓу своите ученици поради креативниот начин на предавање на лекциите и пренесувањето на знаењето. Неговите ученици споделија со сопругата на претседателот како ги поминуваат часовите со својот омилен наставник и какви активности им подготвува за да им биде поинтересна наставата.

Во рамки на посетата, Ѓоргиевска ги посети манастирите Свети Архангел Михаил во Варош и Свето Преображение во Зрзе. Во манастирот Свети Архангел Михаил монахињите ја информираа за дејностите со кои се занимаваат во насока на самоодржливост на нивната заедница. Меѓу највпечатливите нивни дејности е одгледувањето на лаванда од која подготвуваат разновидни производи меѓу кои се издвојува есенцијалното масло.

Во манастирот Свето Преображение, сопругата на претседателот ги посети ателјеата за изработка на икони и ракотворби  за кои најчесто користат природни ресурси од нивната околина. Монасите од овој манастир ја информираа дека произведуваат своја храна посветувајќи големо внимание на одгледувањето на зеленчук, овошје и билки кои ги сушат и користат како чаеви.

Со своите дејности и начинот на организирање, монасите и монахињите од овие два манастири се одличен пример за успешно организирање и функционирање на мали самоодржливи заедници врз принципот на солидарност и заедништо.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...