Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на преспанскиот регион

7 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена, во организација на Центарот за управување со промени и во соработка со Националната федерација на фармери, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска  беше во посета на преспанскиот регион.

Запознавајќи се со активностите на Националната федерација на фармери и информирајќи се за производството на јаболка во преспанскиот регион, на фармата на семејното земјоделско стопанство Ѓоргиевски во село Болно, Ресен, сопругата на претседателот имаше можност одблиску да го види начинот на производство и складирање јаболка, при што учествуваше во берба на јаболка. Истовремено, таа се запозна со десетина земјоделки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат и со идните планови за унапредување на нивната работа.

Ѓоргиевска се сретна и со членовите на семејното земјоделско стопанство Транталовски кои се и регистрирани оператори на храна, при што тие ја претставија својата производна линија „Преспино“. Тие истакнаа дека сите нивни производи се од домашно производство и дека со нив сакаат да влијаат на домашниот пазар за јакнење на свеста за купување и вреднување на домашното производство.

Во рамки на посетата на преспанскиот регион, сопругата на претседателот во Ресен се сретна со Васил Јанкула, лице со церебрална парализа кој потекнува од Мала Преспа, Албанија. Со Васил, којшто помага во организирање на спортски активности за лицата со попреченост, Ѓоргиевска разговараше за неговите предизвици и инклузијата на лицата со попреченост кај нас.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...