Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“ на СОС Детско село – Македонија

20 декември 2019 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село – Македонија. Со настанот „Едно семејство“ СОС Детско село ‒ Македонија им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.

Ѓоргиевска оцени дека во 18-годишното постоење, СОС Детско село – Македонија има постигнато солидни резултати во грижата за децата во ризик. Лично се заблагодари до сите што несебично одвојуваат средства, време, енергија и придонесуваат кон остварувањето на мисијата на СОС Детското село – Македонија.

Во продолжение e интегралниот текст на обраќањето.

Почитувани членови на СОС Детско село ‒ Македонија,
Почитувани гости,
Дами и господа,

Најпрво би сакала да се благодарам за честа да бидам покровител на годинешниов настан „Едно семејство“ на СОС Детско село. На него ќе се оддаде признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација. Симболиката е дотолку помолема затоа што церемонијата се одвива на 20 Декември ‒ Меѓународниот ден на солидарноста. Токму благодарение на солидарноста и помагањето на институциите, компаниите и поединците, СОС Детското село може да ја врши својата основна функција за грижа и поддршка на деца во ризик. Меѓутоа, покрај семејниот модел за алтернативна грижа за деца, СОС Детското село реализира програма за социјална превенција ‒ зајакнување на семејствата, програма за грижа за млади луѓе, застапување и градење на капацитетите на системот за социјална заштита. Сето ова, СОС Детското село во нашата земја го прави успешно 18 години. Навистина треба да бидеме горди што и во Република Северна Македонија, како и во сто и триесетина земји во светот, егзистира најголемата невладина организација која се фокусира на поддршка на деца без родителска грижа, како и помагање на фамилии во ризик. Кога веќе ја споменав меѓународната мрежа на СОС Детско село, би сакала да го честитам и големиот јубилеј, а тоа е седумдесет години од отворањето на првото СОС Детско село во Тирол, Австрија. Идејата на Херман Гмајнер, започната со реализација пред седумдесет години, и до ден денес не изгубила од својата актуелност и претставува пример за социјална грижа и заштита со фокус на алтернативната семејна средина во случаи кога децата немаат можност да живеат со своите родители.

Почитувани пријатели,

Секое дете заслужува да расте во топол дом опкружено со љубов, опкружено со внимание, односно ниту едно дете не треба да расне само, како што е истакнато во мисијата на СОС Детското село. За ова да биде остварено, секој од нас може да придонесе на различен начин. Токму и денеска сме собрани да им оддадеме признание на оние којшто несебично одвојуваат средства, време, енергија и придонесуваат кон остварувањето на мисијата на СОС Детското село. Би сакала, како покровител на оваа манифестација, лично да се заблагодарам и да ги охрабрам и понатаму несебично и безрезервно да помагаат, да бидат солидарни и великодушни. Со грижата за најмладите се грижиме и за нашата иднина, се грижиме за напредокот и за просперитетот на целата заедница. Сите ние сме едно семејство и секој член на нашето семејство заслужува да биде исполнет со радост и среќа.

Дозволете на крајот на моево обраќање на сите штитеници на СОС Детско село ‒ Македонија, на сите вработени, и на сите поддржувачи да им посакам пред сè многу љубов, здравје, среќа и успех.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...