Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше на настанот „Глобален женски појадок“

12 февруари 2020 | Aктивности, Соопштенија, Средби

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настанот „Глобален женски појадок“ на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет. Иницијативата за овој глобален настан е на IUPAC  – Меѓународна унија за чиста и применета хемија, кон која по вторпат се приклучи и Сојузот на техничарите и технолозите на Македонија, а се одржува под мотото „Градење врски за создавање на идни лидери“.

„Не се сомневам дека ова локално и национално вмрежување, кое понатаму ќе прерасне и во вмрежување на меѓународно ниво, ќе придонесе за градењето на идни лидери во науката, но и воопшто во останатите сегменти на живеењето. Женското лидерство, особено лидерството во науката е нешто што му неопходно на ова општество и воопшто на човештвото “, истакна сопругата на Претседателот.

Говорејќи за предизвиците на жените од академската заедница, Ѓоргиевска на присутните им кажа дека ги знае напорите што секоја професорка ги вложува за да биде подеднакво почитувана и ценета како и колегите истакнувајќи дека сеуште треба да се работи на целосна родова еднаквост во политиката, бизнисот, науката, но и во нашите размислувања, менталитет и култура на живеење.

„Она што сакам особено да го потенцирам е борбата да биде за еднаквост во квалитет, не во квантитет. Не станува збор за квоти, за број на жени, туку да се бориме за вистинските вредности, за еднаквост на квалитетни кадри. Не се сомневам дека имаме извонреден потенцијал, дека имаме жени лидери кои можат да го предводат развојот и на нашата наука, но и да бидат лидери во општествените процеси. Токму со женската грижа, темелност, љубов ќе дојдеме до напредок и до просперитет на целата заедница“, порача сопругата на Претседателот.

Идејата за овој појадок е да се соберат жени, активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип на организации – универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор, со цел да ги споделат различните искуства во досегашната кариера, како и да се разгледаат можностите за идни соработки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...