Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во активност на проектот „Волонтираме за солидарно општество“

7 мај 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб  – Канцеларија на претседателот, учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество“ што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

За оваа хуманитарна акција, овој пат донираа компаниите Пекабеско АД, Макпрогрес,  Рамстор,  Алкалоид,  Виталија, Тинекс и ЕВН Македонија.

Кабинетот на претседателот на Република Северна  Македонија ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...