Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

26 октомври 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Заблагодарувајќи се за честа да биде дел од Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи и можноста да сподели ставови за родова еднаква иднина, сопругата на претседателот истакна дека истиот претставува одлична можност да се слушнат предизвиците на жените во денешно време и да се разменат искуства за неопходните чекори за подобрување на родовата еднаквост и зајакнување на улогата жените.

На панел дискусијата, сопругата на претседателот се осврна на предизвиците со кои жените се соочуваат денес, при што нагласи дека се потребни заеднички напори за да се поттикне женското лидерство. Ѓоргиевска истакна и дека е потребно жените и нивните потреби да бидат вклучени при креирањето на политиките и да се отстранат причините што ја попречуваат и оневозможуваат родовата еднаквост.

Во однос на застапеноста на жените во јавниот и политичкиот живот, Ѓоргиевска  истакна дека Северна Македонија има донесено неколку законски инструменти за унапредување на застапеноста на жените.  Исто така, посочи дека земјава ја ратификуваше Истанбулската конвенција и дека во тек се активности за нејзина  операционализација во домашното законодавство.

Сопругата на претседателот, на маргините од учeството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, во Дубаи оствари средби со Oхуд Калфан Ал Руми, државна министерка за владин развој и иднина на Обединетите Арапски Емирати,  со државниот министер за вештачка интелигенција, Омар Султан Ал Олама, како и со Риим Ал Хашими, државна министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати и главен директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...