Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на отворањето на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не”

10 март 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, ја отворија изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не” што се одржа во ЕУ Резиденцијата во Скопје.

Главна тема на изложбата е спречување на колапсот на биодиверзитетот, а уметниците инспирирани од Европскиот зелен договор имаа можност да ги изразат своите грижи поврзани со животната средина. Изложбата којашто ќе биде отворена за јавноста до 20 мај годинава, е дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година со која повика на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа во справувањето со климатските промени.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека денешната изложба е уште една потврда дека уметниците и нивните дела не постојат одделено од сликите на времето во коешто дејствуваат и се обликуваат, туку тие се преиспитување и во критичка рефлексија со вистините што ги нуди контекстот во којшто постојат.

Говорејќи за одговорноста на уметникот, Ѓоргиевска нагласи дека уметниците може да станат централни фигури околу коишто се гради идентитетот на едно време, а со тоа и да влијаат на процесите кои ќе придонесат за сензибилизација и за еманципација во однос на најгорливите прашања, но и за нашата одговорност за грижа за заедничките добра преку поголема солидарност и поголема емпатија за човештвото и за планетата Земја.

„Токму низ оваа изложба, низ оваа творечка реакција на којашто присуствуваме денес, согледуваме како уметниците со своите дела ја проникнуваат застрашувачката слика којашто ја живееме – еколошката смрт, ресурсната неодговорност, човековото понижување – интервенирајќи во понатамошните текови и во промените поврзани со општественото тело“, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека културата и етимолошки упатува на негување, култивирање, создавање модели кои ќе ја облагородат планетата, а со тоа ќе придонесат и за грижливо и балансирано развивање на биодиверзитетот и затоа уметничкото творештво треба да се смета за интегрален агенс на зелените политики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...