Сопругата на претседателот на завршниот настан на проектот „Силни женски организации, силно општество”

15 јануари 2024 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше на завршниот настан на проектот „Силни женски организации, силно општество“, којшто беше спроведуван од Организацијата на жените на општина Велес со финансиска поддршка од механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ.

На панел дискусијата насловена „Што се случува со феминизмот надвор од Скопје“, претставничките на граѓански организации од Куманово, како и претставнички на локални женски организации од Пелагонискиот, Вардарскиот и од Источниот регион говореа за својата долгогодишна дејност во насока на подобрување на многу области значајни за унапредување на правата и квалитетот на животот на жените во регионите каде дејствуваат. Притоа, истакнаа дека во последниот период се соочуваат со низа предизвици во однос на нивното функционирање и сметаат дека им е потребен нов почеток кој ќе овозможи преку нивното искуство и поддршка да продолжат понатаму со активностите особено со оние насочени кон помладите.

Во рамки на денешниот настан беа презентирани и стратешките цели на новата женска национална мрежа „Жените за жените“ којашто претставува здружување на женските организации во формална мрежа која целосно се фокусира на организацискиот развој и јакнење на капацитетите на женските организации надвор од Скопје. Преку работа со организации и движења за правата на жените, целта на националната мрежа „Жените за жените“ е да го промени и подобри животот на сите жени и девојки во нашето општество.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...