Сопругата на претседателот – покровител на меѓународната конференција „Жените во надворешната политика“

14 септември 2021 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска е покровител на дводневната меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“ која денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

Во своето обраќање на првата панел дискусија насловена „ Дали жените во надворешната политика можат да го променат светот“, Ѓоргиевска истакна дека дипломатијата е една од областите во која традиционално жените не биле мнозинство на високите раководни позиции и дека ова не е случај само кај нас.

„Ако се погледне искуството во рамки на поновата политичка историја, дури и поразвиените демократии од нас имаат кратка традиција на жени амбасадорки и жени на високи раководни позиции, медијаторки во справување со конфликти, преговарачки на меѓународни спорови и потписнички на меѓународни договори“, рече Ѓоргиевска и додаде дека треба да ја прекинеме и трансформираме историјата на родовата супресија и насилство кое не е само физичко, туку пасивно, систематско игнорирање и маргинализирање на општествената позиција на жената.

„Доколку не ги вклучиме жените во клучните процеси за водење на едно општество, ние ја исклучуваме едната половина на нашето население, а со тоа имаме и неискористен потенцијал, рече сопругата на претседателот според која тоа вклучување не треба да остане само заради задоволување на правните рамки и исполнување на членовите од некоја декларација. Таа истакна дека мораме да се ангажираме околу суштествената сензибилизација во сите сфери, од интимните до професионалните, за важноста на родовата еднаквост.

Ѓоргиевска потенцираше дека родовата еднаквост е обврска на секој од нас, секој ден, дека тоа е обврска за создавање општество во кое секое девојче може да смета дека во иднина ќе ги има истите можности за образование, вработување и квалитет на живот како и секое момче.

„Колку повеќе ние вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите и системските бариери се намалуваат, а се зголемуваат можностите за сите да уживаат еднакви права во секоја сфера од животот“, истакна сопругата на претседателот.

Конференцијата беше отворена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а многубројни домашни и странски министри, претставници на меѓународни организации, дипломати, бизнисмени, во текот на дводневната конференција ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои: ангажирање на мажите во родовата еднаквост; моќта на жените миротворци; Ковид-19 и неговото економско влијание врз жените; улогата на парламентите во унапредувањето на родовата еднаквост.

На конференцијата беше усвоена заедничка декларација за основање мрежа на жени дипломатки од Западен Балкан со која се отвора можност за зголемена комуникација и размена на искуства помеѓу жените дипломатки со цел да се зголеми улогата што тие ја имаат и треба да ја развиваат во надворешната политика на регионот.

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...