Сопругата на претседателот се вклучи во одбележувањето на 30 години од глобалната кампања против родово базирано насилство

23 септември 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

На настанот се дискутираа резултатите од кампањата во изминативе три децении во однос на унапредувањето на националните и глобалните агенди за елиминирање на родово базираното насилство. Посебен фокус на настанот беше ставен и на проширувањето на кампањата со прашањето за најекстремната форма на насилство врз жените – фемициди, односно убиства на жени врз основа на род.

Г-а Ѓоргиевска истакна дека во изминатите три децении Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство. Со оглед на тоа дека земјава ја усвои Истанбулската конвенција, во тек се процеси за операционализација на конвенцијата преку измени во националното законодавство и негово усогласување со Конвенцијата.

Со новите законски решенија за спречување и заштита на родово насилство и семејно насилство се предвидени одредби  што овозможуваат специфична заштита за жените жртви на различни форми на насилство, преку воспоставување специјализирани услуги за помош и поддршка насочени кон унапредување на системот за поддршка на жртвите.

Дополнително, г-а Ѓоргиевска истакна дека е потребно да продолжи успешната соработка со агенциите на ОН, јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумите и активистите, соработка која носи придобивки за подигање на јавната свест и справувањето со родовото базирано насилство. Исто така, таа ја спомена и важноста на економската независност којашто им овозможува на жените да бидат сигурни да ги напуштат небезбедните домови и да бараат правда, едукацијата на младите во однос на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права. Неопходна е и емпатија, бидејќи никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство. Г-а Ѓоргиевска посочи дека сите мораме да покажеме емпатија кон жртвите на родово базирано насилство и да им помогнеме да се реинтегрираат во општеството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...