Сопругата на претседателот се обрати на настан по повод Светскиот ден на дијабетесот

15 ноември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележувањето на 14 Ноември – Светски ден на дијабетесот што се одржа во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

Настанот што се одржа под глобалното мото „Едукација за заштита на иднината“ е во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК и има за цел да пренесе порака насочена кон интензивирање и сеопфатност на едукацијата и информираноста во поглед на дијабетесот.

Во рамки на настанот беше реализирана детска креативна работилница, на којашто децата заедно со двајца тренери психолози по Гешталт Арт терапија користејќи разни техники изработија голем постер со кој ја пренесоа пораката за потребата и пристапот до едукација за ова заболување. На настанот беше промовиран и едукативно-информативниот портал „Инсулинска порта“.

Во своето обраќање сопругата на претседателот истакна дека институционалната соработка и креирањето на простор во кој ќе бидат пласирани релевантни информации се главниот извор за подигнување на јавната свест за детскиот дијабетес во нашата држава. Ѓоргиевска упати апел до сите релевантни институции да ги ислушаат и да одговорат на потребите и предизвиците на децата со дијабетес и нивните родители, не само заради солидарноста која е нужна, туку и заради обврската и должноста што тие институции ја имаат кон секој наш граѓанин.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Почитувани,

Почестена сум да бидам денес со вас и вашите дечиња за заедно да го обележиме овој важен ден, 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот.  На почетокот сакам да потенцирам,  дека ја имате мојата целосна поддршка во вашата заложба за јавно говорење, континуирано едуцирање и квалитетно справување и превенција на дијабетесот.

Нужната потрага по одговори поткрепени со квалитетно и релевантно едуцирање  доведува до објективно разбирање и расчистување на дилемите и стравовите кои ги имаме за сопственото и за здравјето на нашите најмили. Соочувањето со предизвиците на ваков начин е од исклучително значење кога станува збор за состојба со која човекот мора да живее, како што во случајот е состојбата со дијабетесот.  Во овој контекст е и мотото за глобално обележување на Светскиот ден на дијабетесот „Едукација за заштита на иднината“, кое освен што цели кон успешно превенирање на дијабетесот и последиците кои произлегуваат од него, цели и кон воспоставување на стандарди кои гарантираат квалитетен живот на секое лице со дијабетес.

Верувам дека секој од нас тргнувајќи од сопствените искуства дошол до констатацијата дека постојаната едукација, стекнувањето со веродостојни и исцрпни информации, се оној суштински начин кој што гарантира квалитетното справување  со било каков проблем.  Така  е и кога станува збор за дијабетесот. Без разлика дали говориме за дечињата со дијабетес тип 1 или тип 2, императивно прашање е ваквиот вид на едукација да биде континуиран приоритет,  како за нив самите, за нивните родители, но и за системот, односно институциите кои што се инволвирани во грижата за здравјето на дечињата, па дури и за оние кои што се грижат за нивно воспитание и образование. Институционална соработка и креирање на простор во кој ќе бидат пласирани релевантни информации се главниот извор за подигнување на јавната свест за детскиот дијабетес во нашата држава. Во овој контекст верувам дека и едукативно-информативниот портал „Инсулинска порта“ ќе успее да го креира овој простор.

На крајот дозволете ми да ја изразам мојата лична поддршка и почит кон вашите напори и кон вашата благородна борба за здрав и безгрижен живот на децата со дијабетес. Патот на постојаното едуцирање можеби е макотрпен, но сосема извесно е оној вистинскиот што води успех. Се разбира би сакала уште еднаш од ова место да упатам апел до сите релевантни институции да ги ислушаат и да одговорат на потребите и предизвиците на децата со дијабетес и нивните родители, не само поради солидарноста која е нужна, туку и заради обврската и должноста што тие институции ја имаат кон секој наш граѓанин.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...