Сопругата на претседателот се обрати на настанот „Поттикнување на успешна иднина на младите“

28 февруари 2024 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настанот „Поттикнување на успешна иднина на младите“ во организација на Импакт Вајс Солушнс и Центарот за управување со промени.

Настанот, којшто претставува мотивациска дискусија со студенти, се одржа во просториите на Економскиот факултет, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.

Обраќајќи им се на студентите, сопругата на претседателот истакна дека патот кон успехот може да биде преплавен со несигурности поради кои лесно е да се обесхрабриме и разочараме. Таа додаде дека токму совладувањето на препреките ја прави целта остварлива, а не постои поголема сатисфакција од берењето на плодовите од сопствениот успех.

На настанот се обратија и Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на здружението “Сумнал“ и Арбена Палоши Мемети, од амбасадата на Јапонија во Скопје коишто ги споделија своите лични искуства и приказни во градењето на успешна кариера.

Целта на настанот е низ дискусија говорниците да ги претстават своите идеи и совети за развивање на лични и професионални вештини кои се критични за успешна кариера со што ќе ги инспирираат и мотивираат младите да ги следат своите кариерни цели, да размислуваат за своите можности и да ги развиваат своите лични и професионални потенцијали.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Почитувани професори,

Драги колеги,

Драги панелисти,

Секогаш ѝ се радувам на можноста да бидам опкружена со студенти, дотолку повеќе ако тоа е во нивниот матичен хабитат, академските клупи. Не затоа што тоа е и мојата природна средина, како професор на Стоматолошкиот факултет, а истовремено и мајка на ваш колега, трета година студент на Факултетот за електротехника, туку поради привилегијата да се разговара токму со вас, кои ќе бидете носечки столбови на интелектот, амбицијата, прогресот и сѐ што му е потребно на општеството од академската заедница.

На почетокот, би сакала да го потенцирам дека во секој од вас постои огромен безграничен потенцијал и притоа не мислам само на она што треба да го спроведувате како редовна обврска при вашето академско патување, тоа е полагањето на испитите, добрите оценки, туку и можноста за раст, за развој, за трансформација при самиот тој образовен процес. И како интелектуалци, но пред се она што јас им го спомнувам, што сакам да го потенцирам како луѓе коишто ќе придонесуваат за општото добро.

Искрено се надевам дека уживате во оваа прекрасна делница од животот, студентските денови. Да се ужива во учењето, значи да се биде жеден за нови знаења. Да се ужива во обврските, подразбира да се биде дисциплиниран и одговорен кон зададените задачи. Меѓутоа, верувам дека секој од вас ужива и во дружењето, излегувањето, енергијата и соништата како секој млад човек, кој е на раскрсница помеѓу многу патокази, и притоа секој одбира патека наречена живот.

Сѐ она што е поврзано со студирањето, а мене лично тоа ми значи дека треба да се сака животот со сите негови препреки. Во животот често се соочуваме со предизвици, но мора да сме свесни дека тоа се дел од секоја успешна приказна. Не можам да се сетам на ниту еден пример, сеедно од која област, каде успехот е даден сам по себе, на тацна. Од друга страна, и од моето сопствено искуство и од искуството на многу успешни професионалци, ве уверувам дека трудот, но и искреноста се двете најважни алатки со кои треба да располагате.

Успехот е релативна категорија, секој различно го дефинира, но никој не може да остане имун на вашата конзистентност, упорност, посветеност и искреност во секое ваше делување, во најшироката смисла на неговото значење – искрен кон себе, кон другите, кон сопствените можности, кон преиспитувањето дали можам подобро, дали сакам подобро и безброј други аспекти на мозаикот кој во себе, за жал, честопати има и камчиња на сомнеж, самокритика, ниска самодоверба, намалена самопочит.

И затоа, во свет преплавен со несигурности, лесно е да се обесхрабриме и да се разочараме. Овие „камчиња“ знаат да бидат  застрашувачки кочници кои може да нѐ одвратат од зацртаната цел. Но, нивното прескокнување или поточно, работата да бидат совладани, не само што ќе ја направи целта остварлива, туку и поубава. Не постои поголема сатисфакција од берењето на плодовите од сопствениот успех.

Оттаму, заклучокот е дека успехот не е дестинација, туку патување. Тој не се мери исклучиво со титули, богатство, признанија и материјални достигнувања. И, да се изразам со речникот на вас економистите, неговиот капитал лежи во инвестирањето во емпатијата, солидарноста, пренесувањето на знаења и искуства, со други зборови – кога секој во рамките на сопствените можности би придонел за подобрување на состојбите, сите би живееле во еден поубав свет. Тоа е успехот кон кој треба сите да се стремиме.

Вредностите и принципите по кои се водиме, делата кои ги оставаме зад себе, секогаш треба да бидат во корелација со вашиот интегритет и хуманост. Тоа се квалитетите на траен успех, но и на добри луѓе. Секој од вас носи посебност. Таа е вашата изворна сила. Но, она што најмногу ќе ве одвои, а воедно ќе нè спои доколку сите работиме на таа доблест – е знаењето како да се биде добар студент, добар колега, добар пријател, а пред сè, добар човек.

Благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...