Сопругата на Претседателот се обрати на настанот „Ромската жена во 21-ви век“

7 март 2020 | Обраќања, Соопштенија

 

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, по  повод 8 Март- меѓународниот ден на жената присуствуваше и се обрати на настанот  “Ромската жена во 21-ви век – можности, придонеси и предизвици” во организација на Коалицијата на ромски невладини организации “Khetane“.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека жените и девојките Ромки, коишто професионално се оствариле во своите области, се охрабрување и надеж за оние кои сеуште си го пробиваат патот. Моето присуство денеска на овој настан посветен на ромската жена, истакна сопругата на Претседателот, преставува силна и огромна поддршка на патот кон унапредување на положбата на жените  во нашето општество .

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето.

Почитувани,

Šukar dive.

Задоволство ми е, што во пресрет на Денот на жената, ќе зборуваме за жената, особено за предизвиците со кои се соочува ромската жена во нашето општество. Се надевам дека ќе ги споделите вашите искуства, добри и лоши моменти на патот кон себеостварување во професијата и семејството. Верувам дека не ви недостасувале храброст, упорност, желба и надеж во отстранување на пречките кои сте ги нашле на патот  на дискриминацијата, стереотипите и предрасудите, ограничениот пристап до образованието, домувањето, пазарот на трудот. Знам дека речиси секоја жена, особено жената Ромка се уште мора да се справува со нееднаквиот пристап до вработување, родовите и етничките бариери.

Затоа, денес сме тука да ја констатираме и поздравиме упорноста и работата на граѓанскиот сектор, кој, од моја гледна точка, има значаен удел врз унапредувањето на положбата на ромската жена. Наша заедничка заложба и општествена должност е да работиме посветено за надминување на сите предрасуди. Декадата на Ромите и Стратегијата за Ромите, имаа придонес за подобрување на состојбата. Сите вие, а и вашите пријателки соработнички, напредни жени со кои соработувате, имаа удел во менување на свеста за улогата на ромската жена во нашата земја. Вие ги носите позитивните промени, охрабрувате, поддржувате, свртувате внимание на проблемите, поттикнувате и мобилизирате. Верувам дека вашата заедница, благодарение на вас, ќе има подобро утре. Сите жени кои професионално се оствариле и си го нашле местото под сонцето, се охрабрување и надеж за оние кои сеуште си го пробиваат патот. Солидарни сме со нив и благодарна сум ви на вас што не се откажувате во ниеден момент, пред ниедна бариера.

Јас немам надлежност да ги менувам законите, но тука сум да ја подигнам свеста и да укажам на проблемите со кои се соочуваат жените, да ги пренесам нашите заеднички пораки за праведност и еднаквост во сите сфери. Во таа борба сме на иста страна.

Би сакала да ви потврдам дека моето присуство денеска на овој настан посветен на ромската жена, преставува силна и огромна поддршка на патот кон унапредување на положбата на жените  во нашето општество. Колку побројни ќе бидеме толку побрз и поголем успех ќе имаме.

Ви посакувам успешна работа, сакам да ги слушнам и пренесам вашите успеси и дилеми, сите да ги дознаеме вашите лични приказни, вашата мотивација и успех, придонес кон заедницата и нашето општество.

Секој нареден успех на секоја жена во нашата поширока заедница, ќе биде потврда и мотив да продолжите со вашата иницијатива и борба.

Oven saste.

Ви благодарам.

 

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан, Мариам Мадиха Афтаб

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан, Мариам Мадиха Афтаб

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Мариам Мадиха Афтаб. На церемонијата на...

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Заблагодарувајќи се за честа да биде дел од Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи и...

Средба на претседателот Пендаровски со членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција

Средба на претседателот Пендаровски со членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција. На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за...

Учество на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Учество на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“. Сопругата на претседателот, Елизабета...