Сопругата на претседателот со видео порака до присутните на панелот „Ромската жена во 21 век – можности, придонеси и предизвици”

8 март 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска со видео порака се обрати до присутните на панелот „Ромската жена во 21 век – можности, придонеси и предизвици”, организиран од страна на коалицијата на Ромски граѓански организации „Khetane” по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената.

Во своето обраќање Ѓоргиевска ја потврди својата силна поддршка за унапредување на положбата на Ромките во македонското општество потенцирајќи дека жените во нашето општество сè уште наидуваат на многу пречки и мораат да се соочат со разни предизвици и, за жал, ова е особено изразено кај припадничките на ромската заедница.

Ѓоргиевска истакна дека не смееме секоја година само да ги констатираме проблемите и минималниот напредок и дека мораме работите да ги промениме од корен.

„Покрај борбата со системските бариери, пасивноста на институциите, стереотипите и предрасудите, да придонесеме и со личен активизам и индивидуален ангажман секој во рамките на своите можности. При тоа суштинска е улогата на Ромките лидерки во својата заедница кои се активистки, професионалки и носителки на промени“, нагласи Ѓоргиевска.

Таа ги охрабри присутните да се изборат за правата на сите обесправени жени, и Ромки и припадници на другите заедници.

„Да се избориме за место под сонцето за секого и да донесеме трајни промени во нашето општество, во нашите заедници, да го промениме менталитетот и ретроградниот светоглед кој спречува напредок и просперитет“, порача Ѓоргиевска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...