Сопругата на претседателот со поддршка за доследна примена на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

28 април 2023 | Aктивности, Соопштенија

Подигнувањето на нивото на разбирање и свесност за правата на лицата со попреченост, а особено правата на жените и девојчињата со попреченост, загарантирани со Конвенцијата на Обединетите нации, беше централната тема на дискусијата која се одржа во Канцеларијата на претседателот „МладиХаб.“ На настанот во чијшто фокус е промоцијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и практикување на пристап заснован на човекови права, се дискутираше на прашања поврзани со економското зајакнување и финансиската независност на жените и девојчињата со попреченост, нивната еднаквост и недискриминација, како и нивните семејни права и заштита од семејно насилство.

Поздравувајќи ги присутните претставници на организациите на лицата со попреченост на денешниот настан, сопругата на претседателот ги охрабри отворено да разговараат за предизвиците со коишто тие се соочуваат во секојдневниот живот, бидејќи на хартија ги имаме сите права и сите закони, меѓутоа треба да видиме како тие ја доживуваат нивната ситуација и што може да направиме за да се подобри состојбата во различни области.

Како што истакна постојаниот претставник на Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП, Армен Григорјан, УНДП во Северна Македонија има направено неколку интервенции насочени кон различни категории на лица вклучително и лица со попреченост, а нивните проекти и интервенции воглавно се фокусираат на образование, на можноста за вработување со перспектива за нивна целосна интеграција како рамноправни членови во општеството.

Панел-дискусијата со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се одржа како дел од серијата отворени дискусии на тема „Да ја отпакуваме Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост по однос на правата на жените и девојчињата со попреченост“ и во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во Република Северна Македонија-УНДП и националните сојузи и организации на лицата со попреченост.

Активноста беше реализирана во рамки на заедничкиот проект на организациите на ОН – УНДП, УНИЦЕФ и УНФПА „Од знаење и ангажман – до јакнење и учество“, министерствата за труд и социјална политика, образование и здравство и организациите кои ги застапуваат лицата со попреченост.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...