Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

27 септември 2020 | Aктивности, Соопштенија

 Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна г-а Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на г-а Елизабета Ѓоргиевска.

Почитувани присутни,

драги пријатели,

Овој настан се одвива на прагот  на октомври,  уште еден светски месец на борба против ракот на дојка. Сите сме свесни дека овој пат, имаме навистина тешка ситуација обременета со заканата од корона вирусот што го видоизмени светот којшто практично го видоизмени целиот свет. Па, така, апелите и промовирањето на свеста за оваа болест, всушност се покомплексни и мора да бидат уште подраматични. Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест.

Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...