Сопругата на претседателот учествуваше на настанот “Средба за вмрежување со културните аташеа на земјите-членки на ЕУ “

10 ноември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот “Средба за вмрежување со културните аташеа на земјите-членки на ЕУ“ што се одржа во куќата – музеј на реномираниот ликовен уметник, Лазар Личеноски. Настанот е дел од активностите по повод 3-от роденден на Europe house, Скопје.

Истакнувајќи дека обновувањето на куќата на Лазар Личеновски е важно од многу аспекти, во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот нагласи дека од една страна тоа покажува колку се грижиме ние за нашето културно наследство, но од друга страна освен што има музеолошка, традиционална вредност, тоа претставува една основа да се изгради жив, динамичен простор во којшто новите генерации ќе имаат можност да творат, да се инспирираат и да се создадат продолжетоци на онаа уметност со којашто се занимавал Личеновски и ќе се создадат нови моменти, нови искуства и нова уметност за сите млади генерации.

„Навистина ми претставува задоволство што сум патрон заедно со мојот сопруг на еден ваков прекрасен проект и се надевам дека ќе има уште многу вакви проекти коишто ќе бидат инкубатори на идеи за младите уметници“, рече сопругата на претседателот.

На денешниот настан којшто претставува неформално дружење со културните аташеа на амбасадите на земјите-членки на ЕУ, се обрати шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими којашто даде краток преглед на завештанието и вредноста на куќата-музеј и делото на Личеноски коешто ја збогатува културната ризница на земјата.

Присутните на настанот имаа можност да ја видат студентската изложба којашто се состои од различни форми на уметнички дела изработени од студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности, подготвени и инспирирани од делата и наследството на Личеноски. Тие разменија и информации во врска со можностите за идни активности за конзервација и реставрација на куќата – музеј.

Програмата на Europe house, Скопје по повод роденденот предвидува низа активности кои ќе се одвиваат во куќата – музеј на Лазар Личеновски со цел да му се оддаде почит на ликот и делото на овој значаен македонски сликар.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....