Сопругата на претседателот учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети во Велес

21 декември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска ја посети Евангелската црква во Велес кадешто заедно со претставници на црквата и со Кристијан Калинов од иницијативата Ретвитни оброк подготвија хуманитарни пакети за семејства од најранливата категорија на граѓани.

Пасторот на Евангелската црква, Филип Иванов ја запозна г-ѓа Ѓоргиевска со активностите на црквата коишто се претежно од хуманитарен карактер вклучувајќи пакети со храна, народна кујна во соработка со гостилницата Боем и Здружението за помош на социјално загрозени лица „Нула Гладни во Велес“, континуирана соработка и поддршка на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, стипендирање на средношколци и студенти од социјално загрозени семејства и многу други.

Во рамки на посетата на Велес, сопругата на претседателот посети и мал групен дом за лица со попреченост во кој престојуваат 5 лица. Таа во овој дом имаше можност одблиску да се запознае со нив и со условите во домот, а низ дружбата со нив имаше можност да слушне кои се нивните интереси и како го поминуваат времето во овој дом.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...