Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

7 декември 2023 | Aктивности, Соопштенија

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје.

Говорејќи за адолeсцентната бременост и аспектите за нејзина превенција, сопругата на претседателот истакна дека станува збор за испреплетување на многу моменти кои водат до малолетничка бременост. Според неа, постојат неколку аспекти кои треба да се земат предвид во превенирањето, пред сè, значајна е едукацијата која треба да се спроведе уште од мали нозе кај девојчињата и момчињата, а еден од поважните аспекти е и влијанието на семејството, односно влијанието на родителите. Во таа насока, г-а Ѓоргиевска истакна дека неопходна е комуникација на родителите со децата кога станува збор за овие сензитивни теми.

Сопругата на претседателот го нагласи и психолошкиот момент, како и свесноста на адолесцентите за телесната автономија и почитувањето на нивните права.

На панел дискусијата со свои видувања се обратија амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир;  д-р Горан Димитров, раководител на Одделот за гинекологија и  акушерство на Медицинскиот факултет во Скопје и претседател на Македонското лекарско друштво; Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА; Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничка на УНФПА; Азиза Сали, од Иницијативата за правата на жените на Шуто Оризари и д-р Ивана Наков, гинеколог од примарна здравствена заштита, Поликлиника Манолеви.

На панел дискусијата присуствуваа претставници од Клубот на млади лекари, Асоцијација на специјализанти и млади лекари, Здружението на студенти по медицина, ХЕРА Млади.

Панел дискусијата е продолжеток на успешната серија дебати на теми од здравството, реализирани со поддршка на сопругата на претседателот и амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, а во соработка со Клубот на млади лекари.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...