Сопругата на Претседателот учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“

17 февруари 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на денешниот настан „Таа лета со сопствени крилја“ организиран во рамките на иницијативата за Западен Балкан на шведскиот Институт за претприемништво кај жените поддржан од Амбасадата на Шведска во земјава.

Во своето обраќање пред присутните на настанот, Ѓоргиевска истакна дека успехот, како и многу други важни нешта во животот немаат возраст и дека на патот кон успехот младите жени треба да бидат самоуверени, да комбинираат амбиција и инспирација и да го најдат своето идеално место.

„Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја со другите и поддржете и други жени да успеат.“ Ѓоргиевска додаде дека образованието е многу важно и затоа и таа се трудела да учи од најдобрите. Таа исто така порача дека работните места не треба да се етикетираат како „женски“ или како „машки“, туку дека сите треба да се стремиме кон постигнување на поголема родова еднаквост.

На настанот свои искуства од областа на претприемништвото пренесоа успешни жени од бизнис секторот од повеќе странски земји меѓу кои и професори од Универзитетот Лунд од Шведска со цел истите да мотивираат и инспирираат за вклучување на жените во светот на претприемништвото.

Проектот е инициран од три млади жени кои беа дел од обуката за иновации и претприемништво на Шведскиот Институт во Лунд, a составен дел од настанот беше и церемонијата на доделување на признанија на Ирена Јакимовска, Гзиме Фејзи и Фатма Бајрам Аземовска за нивните достигнувања како успешни жени во своите области на делување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...