Со изложбата „Ликовни блесоци“ започна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на Претседателот

7 септември 2021 | Соопштенија

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечерва се одржа првиот од низата културни настани со кои се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културна ризница.

Одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на Претседателот е насловено „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ и преку него се нагласува клучната улога на културните и уметничките практики за демократизацијата и еманципаторските политики во општеството.

Во Кабинетот на Претседателот вечерва свечено беше отворена изложбата „Ликовни блесоци“ чијшто куратор е Маја Чанкуловска и се реализираше во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, а вклучени се и дела од Музејот на современата уметност – Скопје, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, Министерството за култура и Кабинет на Претседателот. На изложбата се претставени дела од реномираните македонски ликовни уметници: Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сé до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши.

Во своето обраќање пред присутните гости, претседателот Пендаровски истакна дека за Денот на независноста, избор од делата што се наоѓаат во кабинетот ќе бидат изложени на едно место и отворени за јавноста изразувајќи надеж дека тоа ќе мотивира повеќемина, особено од помладата генерација, да се заинтересираат за нивните дела и воопшто за македонската уметност.

„ Иако навидум мала, ризницата на македонската ликовна уметност содржи значајни автори и дела во рамниште со најголемите светски имиња. Дел од тоа богатство е привремено сместено и во работните простори на многу институции, вклучително и на Кабинетот на претседателот. Тоа, освен што е облагородување и естетизирање на просторот, претставува и начин за презентирање на големите македонски ликовни имиња пред гостите, посетителите и официјалните делегации и од дома и од странство.“

Во рамки на настанот се одвиваше и дигитална презентација подготвена од Јованка Попова која содржеше резиме и дел од богатата ликовна ризница на околу 143 современи македонски уметници кои имаа најголемо влијание во изминативе 30 години. За време на настанот, уметникот Ѓорѓе Јовановиќ и студентките на Факултетот за ликовна уметност Евгенија Трајковска и Милена Петковска кои се под менторство на професорката Славица Јанешлиева изработуваa слика – мурал којашто ќе биде донирана во хуманитарни цели, а присутните гости имаа можност да го проследат и настапот на Долорес Поповиќ, актерка и композиторка.

Изложбата ќе биде отворена за секој посетител со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот. Посетата ќе биде организирана во зависност од бројот на пријавени граѓани, а во согласност со актуелните мерки за заштита од Ковид-19.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...