Select Page

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села

21 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

На средбата се разговараше за политичката состојба во Република Северна Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.

Претседателот Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид....

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред...

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на „Охридско лето“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид. Реномираниот меѓународен фестивал традиционално се одржува под...

Порака на претседателот Пендаровски по повод Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите

Порака на претседателот Пендаровски по повод Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите

Денес се сеќаваме на еден ужасен датум од историјата, кога околу 4300 Роми и Синти бea убиени во нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау за време на Втората светска војна. Таа мрачна идеологија овозможи да се случи најголемото зло во историјата, што предизвика загуба на...

Pin It on Pinterest